дете (имн.) - го (зам.)

- Кире!! Кире!!! –викаше силно. Кире, се пробуди, збунет од сон се тресе, се досети веднаш дека за детето го вика.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Го фати Кире детето го стави покрај неа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Доаѓа детето го чувствувам! - викаше таа. - Еве сега. –рече Кире. Веднаш стана па потрча.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ние децата го гледавме како си заминува, по долгиот разговор со татко ми, но и со некоја книга или записи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Децата од беговите, агите и чорбаџиите ги предводеше Сулејман, синот на Осман-бег, како што децата го викаа “Сулејман-Пеливан“.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Реков: „Ќе ви... “, сторив и исправен излегов. Децата го сетија мојот бес и останаа зад мене веднаш штом заминав од дуќанот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас сум жена, оставена жена... и чувам едно дете без мајка, тоа дете го зедов на 4 годишна возраст и го одгледувам како можам и умеам... но, еве, животот не прегази финансиски, па јас дојдов овде кај вас да прашам дали вие некако ќе ми помогнете, барем да го истуркам девојчето да заврши средно школо... ме разбирате... - веќе со видно вознемирен глас и солзи на очите, почна да ги испрекинува зборовите.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Од 1920 до 1926 година, подучува во бројните селски училишта по планините на југот од земјата, далеку од Виена.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се чини дека децата го сакале, но не и родителите, така што против него е покрената постапка со обвинение дека премногу користел физичка казна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Децата го гледаат спокојно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Водата во која зацапува до коленици, му доаѓа до половина, но тој се пробива кон белато кајче со најблиските...  Цви Корец се буди во својата постела од неспокојниот сон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ова дете го викаат Корилче, зашто само пред една година е дојдено в град и уште не ги износило кошулите со везен корил.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Рамномерното дишење на децата го успокојуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Водичкава е лек“ - се присети на зборовите на деда си, што тој ги изговараше секогаш кога уште како мало дете го водеше на потокот да се мие.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Истовремено, од сателитите на задгробниот свет, детето го доби последниот хајдегерски благослов и си летна, кон светлината над алпските врвови, кон седмото филозофско небо. (257) Новите романсиери се задоволуваат со обичното пренесување на ништожноста на светот во белотијата на пишувањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со предните шепи мачорот го тегнеше Милан за ногавиците на панталоните и Милан застана, се наведна и како дете го крена ангорскиот мачорот в раце.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Децата го гледале и си мислеле дека малото маче си игра со своето опавче, зашто многу мачиња си играат така, го гледале и слатко се смееле.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Земанек се срамеше од своето селско потекло, а градските деца го исмеваа и се мајтапеа со него. Освен јас.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секоја година за време на училишниот распуст чичко ми се враќаше в село, а неговото идење ние децата го очекувавме како најголем и најсвечен празник.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кога јавачот и неговиот коњ ќе се оддалечеа до самиот крај на големата песочна плажа, до оние карпи што од источната страна го ограничуваат малиот залив, детето го свртуваше својот белчо и на ист начин галопираше кон главната плажа.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- На онаа во која детето го нацртало цветот, па кога тој овенал и исчезнал, детето ја имало неговата убавина во своето блокче.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Детето неповерливо гледа во него.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неповерението тешко и децата го издржуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Пустинското дете го гледаше бродот и се смееше, се обидуваше и самото да нацрта нешто на песокот.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Сега во песокот беа нацртани брод, риба со чаша во устата, една канта со нозе, и една мошне жедна уста.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Поткашлувајќи значајно, старата чавка погледнува наоколу и одеднаш забележува дека детето го снемало: - Каде е?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Што се однесува до Дедо Мраз, во тоа време ние децата го сакавме како што и денешниве, но малку верувавме во неговата моќ, всушност, во тоа дека може да ни ги оствари желбите што први ќе ни паднеа на ум или што ги влечкавме преку целата година.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со метод на микроорганизирање секое дете го прати, но и цел клас знае и лесно ќе сфати децата се радуваат, со новиот систем се знае пеејќи на глас што долго во иднина ќе трае.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Раде како дете го грабнаа неговите и го однесоа до автомобилот, а Никодин само се спушти на каучот на кој седеше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„А, за пушењето?“, како мало дете го прашувам, божем не знам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Детето го гледа неговиот подвиткан грб. Обесхрабрено е, но уште се надева.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ама јас малку го паметам, само како дете го паметам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Децата го заградија и го гледаат во очите, во рацете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ве уверувам со тоа ќе се губи време – со секој миг ќе го имаме се помалку, како нешто драгоцено и само наше, иако ние децата го имаме во изобилие.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Еднаш постарото дете го праша Богдана: ”Кога ќе се земете со мама?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Некои од децата го мереа со педи, до милиметар.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се прашав молкнејќи се низ големите пајажини: каде е тој рид, тој проклет рид што некое од децата го нарече Сентерлевиот?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Беше навечер, а за да отидам кај татко ти, детето го оставив само, го врзав со појасот да не оди во огништето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ми велеше: „За децата го правам ова, да бидат горди на мене“.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И... меѓу другите деца го зеле и... Баица.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сирма писна и се струполи наземи; онесвестена почна да блада, пиштејќи: – Детето, луѓе, детето го убоде оној пес.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Как Крсте, бре слепче? Откаде докаде десеттодишно дете го запопиле? — се чуди Јован, не знаејќи дека ова е пиеска, а не вистински живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како и да било, зборот „перзистенс“ американското дете го учи уште пред да гукне „мама“, „тато„ или „кока-кола“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се сети: кога како дете го виде отруено своето куче, со пена на исфрлените заби, со здрвени нозе и со мраз во позлатените очи, мислеше дека и самиот умира.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И така, потоа... нејасно чувствуваше ... дека е поинаква, а децата го знаеја тоа и ја избегнуваа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
V. Како дете го дочекував дождот со затворени очи.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
На разделба и родителите и децата го избакнаа мачорот и си отидоа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И многупати се прашуваше дали толку многу му е наклонет затоа што како дете го носи големиот товар на возрасните или затоа што Кире уште од првиот ден, коге се запознаа го бара и го сака?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А во светот што се вика Прењес, полека битисува. Секој ден. Секоја ноќ.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Момчињата се вратиле. Нумо не брзаше да застане во редот пред казаните.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Навистина, Боги беше несимпатичен, но детето го сакаше.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Децата го видоа и тоа дека на рацете има неколку прстени сѐ од сребро и злато, а еден меѓу нив беше најголем, со камен што светка како искри да фрла.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Беше таков: деца сакаше и децата го сакаа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но, меѓу сите овие шарени дребулии, најубав беше чоколадниот Дедо Мраз што децата го ставија под елката.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сепак, лицето на Детето го затекна. Лицето со огромни очи како од римските мозаици.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Па вие си јадете од вашата душа, вашите деца го пијат вашиот отров, ќе се удавите во сопствената кал, ќе потонете во живиот песок.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Децата го чекаат снегот за санкање, возрасните за романтични прошетки, а оние со спортски дух за скијање.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Детето го оставивме без десерт, ете цревата уште му кркорат од што е гладно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тука, на скалите, ги обув и со нив прошетав по белиот теписон во дневната соба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како што стареел светот, Кроновите деца го исфрлиле Крон.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
- Ами од дете го памтам турцкио аскер...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Астиномот го викна кумот во куќата на попот и со наредувачки глас му рече: - Ако детето го крстиш Митре, тогаш тебе ќе те прекрстам и на крст ќе ти ја истрижам главата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Оној истиот Филип којшто како дете го демнеев од гранките на старата слива.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Како дете го вртев двогледот наопаку и гледав низ него во спротивниот правец.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И си помислувам: колку ли деца во светот гладуваат, колку ли деца сонуваат корка леб, колку ли татковци страдаат што не можат на своите деца да им го обезбедат насушниот леб!? А нашите деца го фрлаат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сам знаеш, ретко некое дете да остане без прекар и, најчесто, децата го погодуваат прекарот спремна карактерот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пошто така, јас детето го вратив, ама му реков да го праша, колку му чини тоа парче железо од осумнаесет сантиметри.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ќе испратам писмо до Меѓународниот црвен крст, а на списокот што ми се враќа, името на детето го нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го барам детето, а детето го однесле во Скопје.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Милан бил роден во Велес, но како дете го напуштил својот град барајќи корка леб.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- На онаа во која детето го нацртало цветот, па кога тој овенал и исчезнал, детето ја имало неговата убавина во своето блокче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Човекот со кравите одамна беше отиден, но детето го гледаше со своите мисли, на истото место, на ист начин и ги слушаше неговите топли зборови: „Па ние веќе сме другари.“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога јавачот и неговиот коњ ќе се оддалечеа до самиот крај на големата песочна плажа, до оние карпи што од источната страна го ограничуваат малиот залив, детето го свртуваше својот белчо и на ист начин галопираше кон главната плажа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)