дете (имн.) - ги (зам.)

За миг децата ги наполнија џебовите со камења...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Учителска школа завршил во Скопје, а подолго време работел како учител во Битола и Скопје (тој е еден од првите учители што децата ги учел на македонски јазик во уште недоослободената татковина).
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Николески е автор на стихозбирката „Македонче“, објавена 1946 година со која беа поставени темелите на современата македонска литература за најмладите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во такво збунето расположение полно со нови напливи страв и одново разретчени надежи, Шабтај, Јаков, Рена и детето ги прославија Големите празници.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нема повеќе примарни сцени, туку родителски сојузи; нема веќе потиснување на сексуалните желби кон родителите, туку детето ги „поништува” своите едиповски копнежи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овчарот зави како волк, а детето ги поведе луѓето кон елакот каде што седеа Борисовци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го запре кошот пред нив и со еден сожалителен и презрив поглед ги измери сите војводи, па громко ги поздрави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Своите разни деца ги испратија низ колеџ, своите родители низ нивните последни денови, своите професионални кариери ги доведоа преку задоволителни врвови до едно плато, а потоа на прифатливо благи падини и/или до пензија, како и своите тела со високи перформанси и бројните задоволени барања.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Дрочеа за марксизам, а нивните деца ги праќаа по елитните Оксфорди и Кембричи да изучуваат пазарна економија и бизнис менаџмент.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Некој може повторно да се роди и да се покрсти во детска када - може повторно да биде течен како водата на животот - како што според Бојс и купот стари весници што тој подоцна ги користеше во својата уметност беа симболични батерии што произведуваа топлина и топлинска енергија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие алудираат на раните искуства, од кои некои се соништа, што децата ги доживуваат како вистински”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
“Наслови како што се Елен предводник или Гробот на Џингис-кан”, кажа Бојс, “можат во основа да се интерпретираат како психолошки.”
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Детето ги ококори очите: единствен протест... Потем се заврти. Заплака. Се повлече...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бидејќи и така нередовната и трапава администрација на завојувачите страдаше во честите војни, пожари и грабежи, ни архивите на двата најблиски града, Прилеп и Битола, не располагаат со податоците за тоа кога е основана сегашнава населба во Потковицава - најпрвин, со стариот дел, во Загориче, односно во Дупка, а потоа, со поновиот, на падините на Станкоски Рид, односно на падините на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но зошто беше допуштено да се убие само една птица, секој од домаќинството добиваше само по едно перченце од неа: децата ги делеа крилцата, мажите и најстарите синови копанчињата, а женската челад белото месо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еве ви по пет пари да си купите шеќерчиња. (Срамежливо децата ги земаат парите и си го, кријат лицето со рацете).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Господару! Господару! Децата ги берат и гранчињата! - викаа тие.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Погледите на децата ги следат очите на учителот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
А кога стигна таму - веќе беше свршено сѐ. Децата ги немаше нигде.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Станувањето геј е таинствено бидејќи – за разлика од станувањето Американец – не се одвива преку примарна социјализација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќето други општествени групи – било малцинските групи како што се Афроамериканците, било мнозинските групи, како што се Американците без предзнак – се иницираат во своите култури и дома и на училиште, како и преку телевизијата и преку филмовите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Процесот преку кој луѓето стануваат геј е понепознат, а тоа е и причината поради која вреди да се истражува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Родителите и децата не ги учат децата како да бидат геј онака како што ги учат да бидат Американци. (Иако понекогаш децата ги учат како да бидат стрејт на начини што толку силно им се удираат од глава што слободно може да се каже дека, всушност, ги учат децата како да бидат геј).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тогаш, во тоа време, и децата ги тераа да бидат кодоши. Така ги учеа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Идниот ден Отла ме однесе во една од бараките во кои беа сместени децата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Заедно со децата ги чистиме бараките, подготвуваме храна. Најдобро е да се прави нешто овде.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секогаш ми горчеа и сирупите и капсулите што моите деца ги голтаа на сила, а мене ми го дереа грлото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Детето ги зеде парите, се поклони пред ГОСПОДИН ГОСПОДИН и, одејќи наназад, си замина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Децата ги одврзуваа шамивчињата од крстовите што ги носеа, а попот пееше: - Благословен бог наш всегда њиње и присно и во веки векови, Амин.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По мајка Англичанец, така што од дете ги говорел паралелно шпанскиот и англискиот јазик.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По падот на режимот на Перон, бил директор на Националната библиотека во Буенос Аирес и професор по англиска книжевност на Универзитетот во Буенос Аирес.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тие трансформации немаат за цел толку одредување на сексуалноста како таква, бидејќи таа произлегува од односите со родителите, љубопитноста на детето кон она што родителите го прават во негово отсуство, неговото интересирање за примарната сцена, родителските одговори и премолчувања околу сопствената сексуалност, и сфаќањата за сексуалноста кои врз основа на сето тоа детето ги развива.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И во лета жешки и во зими бели децата ги учел сто години цели.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- На таквите секогаш им е лесно, - застенка Барбут- бег. –Тие лежат, а ние влечеме товар и се потиме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Дури и имињата на жената и децата ги споменуваа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ноќта, кога се колнеа во љубовта што го потврди непишаното правило дека таа може да се роди и на прв поглед, Авни ја преточуваше нејзината долга коса низ прстите велејќи ѝ дека тоа го потсетува на заграбите трева во ливадите на Орлик, кога како дете ги пасел говедата. Ѝ велеше дека нејзината коса го потсетува на мирисот на тревата, на питомото и дивото што извирало од нејзините жилки, претворајќи се во жештина што треба да се истури и дека тој ја чувствува таа потреба затоа што топлите, танки прстиња на Сања, веќе се шетаа по брановите на неговата црна коса, по тилот, и продолжуваа по вратот, по рамената и надолу по грбот, слегувајќи како повев на јужен ветар на страните од бутовите во кои Авни ја нафрли сета своја машкост вовлечена меѓу широко раширените нозе на девојчето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Авни уште како дете ги изгуби родителите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На моменти се каеше оти ќе си го подгази девојчето, може и да остане кржлаво, недодоено (оти во Мариово децата ги дојат три години); може да ѝ се разболе чувај боже“; а од друга страна, пак, се радуваше при мисла и увереност дека тоа што ќе дојде ќе ѝ биде „баце“ на Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во воз на влеча немаше плата сметки се редат, фамилија страда извршител крвник тропна на врата кај има сила не барај правда Роди се човек роб биди животот мачен од лопови, гниди секое лето на одмор на Вардар секоја зима на маса со ајвар Пуста да остане економска криза реши да земе иселеничка виза партали собра во Канада слета татковино курво, децата ги еба
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тие што останаа живи ги налегнаа, ги изврзаа и заедно со жените и децата ги истераа од црквата, а неа откако ги извадија двајцата мртви сејмени, ја запалија со сите исклани селани во неа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На десеттиот ден по фаќањето децата ги приготвија за пат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Машките ги фатија сите метеризи на тврдината, а жените, старците и децата ги полнеа испразнетите пушки и им ги даваа на борците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Децата ги обзеде силен страв.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Децата ги милуваше само кога спиеја. Така било и со него.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Погребната поворка одеше тажно; напред децата ги носеа црковните бајрачиња, по нив питропот со крстот, по него отец Серафим, енорен свештеник од манастирот Свети Наум, по него ковчегот со мртовецот, по него семејството, роднините, пријателите, прифаќајќи го ковчегот и сменувајќи се при носењето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Еднаш, се сети, децата ги наговараа да се искачат по оваа голина нагоре до црквичето што мора да е тука некаде подолу и од селото се гледа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Мажи, жени и деца ги поздравуваа, ги испраќаа и им мавтаа со рацете.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ѓаволчето Секоја година, кога со децата ги вадиме украсите за елка, одново се сеќавам на ѓаволчето на Сечкови.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Знаеш ли што се поткровјата? Тие се временски машини во кои старите отрпнати луѓе како мене можат да патуваат наназад четириесет години, кога сета година беше лето, а децата ги гонеа и опседнуваа сладоледџиите со колички.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А нејзините деца ги прибра мајка Евгенија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој и други што му се слични туѓите деца ги испратиле на боиштата, а тука, во Прењес, си живеат подобро отколку дома.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ристе, - велеше мајка Евгенија - во горното мало? - Пандовци, Петревци, Наковци...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Затоа дедо Геро ја сакаше добрината, децата ги тераше да не се мразат со Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Децата ги свенаа погледите. Не им се одеше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
В тишината балансира зелен водоскок тажно извишен и кроток стои тој Децата ги ронат гнездата на звуците па е така безнадежно сам Ослони се одмори се невина на рамената на ветерот не ведни се крени се за еден поглед мал над оваа премногу нерамна висока разбранета ливада на куќите Тогај накваси го грлото на нивните црвени треви тие ја помнат земјата што те роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Некои деца ги забираат последните пашита со обесени ѕвончиња на вратот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сè повеќе има мешовити фирми Диџеите во дискотеките миксаат плочи Во увото се мешаат звуци од кафулињата Во клубот девојки мешаат на шипка Сонот го меша возможното со чудесното Детето ги помешува левата и десната патика Бетонската мешалка му ја прегазува топката (Градежните фирми уриваат домови!)
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Играчките се убави, децата ги сакаат, но поубави се тогаш кога со нив си играат другарчиња.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Во нашите краеви – продолжи Игбал – децата ги изработуваат најубавите килими, оти само тие имаат ситни и тенки прстиња.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Децата ги немаше нигде.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Господару! Господару! Децата ги берат и гранчињата! -викаа тие. - Што? Гранчињата! - грмна Мегалон.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Децата ги очекуваат новите радости и пролетните игри, - благо рече капетанот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)