дете (имн.) - цица (гл.)

Оваа реченица би можела да има исклучително нежен призвук. L’enfant значи дете, кажано милозливо, souffler значи нежно цицање, воздивнување или шепотење; cher, мила, е игра со зборови со CHAIR, месо; CHOU, мила, е нагален назив, како и FLEUR, цвет (на пример petite fleur); serrer значи прегрнува. CHAIR CHAUDE, “жешко месо”, се однесува на мајчините гради, па според тоа претставува површинско значење нешто како - детето цица затоа што не сака зеленчук. CHAIR CHAUDE дословно значи врело месо, а soffler уште значи и да се дува врз храната која е премногу жешка.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Детето цица, ги подотвора очињата, потклоцнува со ножињата и една мала шурка млеко му се одблиснува на обравчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој се притиснува на земјата, и му се чини дека не свири, ами како мало дете цица една јадра и слатка боска. Свири, гајдо, свири, тажи, душо.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)