Таа сега на нозе, се нишаше над него без рабирање: децата спијат, време е и тој да си легне „Добро“, пропелтечи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Децата спијат“, уште еднаш му рече; го убедуваше, како што му се стори, и тој самиот да остане - без жена е, таа е вдовица, маж ѝ паднал со железничарско фенерче в рака под вагон.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Детето спие до мене, му го слушам дишењето, но не вртам глава.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Забележа дека не оди кон гробот и неочекувано се насмевна.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Одеше кон една добро позната куќа во која живееја неговите поранешни пријатели; две мали деца спиеја таму во иста соба, а во соседната спиеја родителите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Го почувствувал студенилото на долгата пушка, воздивнал влакнест како овен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога размислувал, пребрзо остарувал: господи, лежи сега под две топли јамболии жена му Фросина и го мисли или го сонува, децата спијат стиснати еднододруго, тлее жар во огништето, трча околу куќата црноглав пес - тој овде е мртов и судија на мртовец со зла крв во жилата на челото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа погледот ѝ паѓа на карт-посталот со ракописот на маж ѝ, и како и секое утро, откако ќе утврди дека децата спијат, наместо кошмарниот сон, ја реконструира приказната на нејзиниот живот, особено нејзините последни неколку години.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во прво време и таа поверува во гласините што се ширеа меѓу Евреите на Солун, дека маж ѝ е затворен таму, дури и некое време по добивањето на неговата штура картичка од Виена од која со сигурност единствено можеше да утврди дека е жив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Молк по сите лица. Децата спијат, во нивните главчиња соништа што немаат никаква врска со мислите на возрасните, со нивната Македонија, со нивните стравови - што ќе биде утре или не дај боже уште оваа ноќ да падне врз нив оваа бетонска плоча па да ги избрише засекогаш.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Децата спијат, наредени до мене, ко стомниња.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)