дете (имн.) - седи (гл.)

Па, драги деца, ако се возите во некој од црвените градски автобуси и ако видите дека некое дете седи до шоферот, знајте дека тоа е Цане.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Бледи, исплашени и возрасните и децата седеа околу огнот кој се мачеше да се разгори.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Имаше и големи црвени печурки на кои децата седеа наместо на столчиња, а во средината на дворот се синееше мало езерце од кое децата црпеа вода и ја пиеја.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Гледа две мали деца седат на мајчиниот гроб и плачат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Ама јас, како дете седејќи со жените и момите на предење и други женски работи, ги слушав кажувањата на баба ми Божиница, прости ми Господи - дамна упокоена - фати да раскажува Божин.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Една мајка и едно дете седеа на една долга штица што се клацклаше... - На игралиштето ли? - Да.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)