дете (имн.) - плаче (гл.)

И Уља врви и си вели, а детето плаче, ко ѕвонче во долче. Така до трипати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А се довикуваат мајките со своите деца плачат, колнат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Детето плаче, ако, нека плаче, сите деца плачат за ништо, просто за да плачат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Детето плачеше. Трајче го препозна. Тоа беше соседот Евто со снаа му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не ги слушаше гласовите на тие луѓе чии деца плачеа, чии жени се довикуваа со сè поочајни гласови, чии мажи ѕиркаа преку бодливата ограда, ден низ ден сè повеќе замолчуваа и се молеа и кога молчеа; иако тие слики и гласови допираа до него, зашто знаеше дека неговата работа привршува, дека е слаб на човечките несреќи и дека поради сето тоа е сосем возможно одново да му се вратат силните мигрени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)