дете (имн.) - има (гл.)

Едно дете има попот и тоа си го нападил да се главуа по туѓите луѓе! — плачеше Бисера и не можеше да му помогне на постраданото братче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вој ми е татко, а децата шо се со него, ми се мои — синови — продолжи Бојко да се правда, ако не гледаше никаква можност за оправдание.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ами, ете и деца има со него, ефенди, тиа не пиат ракиа, не пиат тутун, та реку да и зарадуам и ниј.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Инаку, самата приказна во „Бебето на Макон“ е едноставна и заличува на некаква апокрифна варијанта на Новиот завет: една грда, стара жена (под маска) раѓа особено продуховено дете; нејзината убава и интелигентна ќерка (маестрална улога на ....) го користи детето за сопствена промоција, но и за добробит на градот Макон; се покажува дека детето има многу помоќни способности отколку што претпоставувала итрата ќерка- девица; обидот таа да ја загуби својата невиност од страна на еден локален високодостојник завршува со смрт на младичот; девојката сфаќа дека детето е тоа кое ја предизвикало смртта и таа го убива детето; за казна, осудена е да биде силувана од цела чета војници; таа умира, а низ целиот филм присутната публика (измешана со актерите на театарската сцена) на крајот вели „Каква добра глумица!“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се прашуваше колку ли деца има родено. Лесно може да ги имала петнаесетина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие соништа имаа чудна сила, невидлива, но доволно силна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога бев дете имав свои детски соништа, сонот го сакав повеќе од утрото и новиот ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Имав дете, тоа дете имаше памучен кловн со издолжен нос од болка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дури и јас и децата имавме "мал" придонес во изградбата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Па, твоето дете има 30-тина другарчиња во одделението.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само тоа ги интересира – кај мрднал претседателот, кај прднал министерот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А-га-та. Агата – свечената белина на паузата го исчекува следното прашање: Колку деца имал Самоил? 8,30 – 9,15: Мики е сè уште во вода до колена, со цигарчето што чади, а не се смалува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ми се плачеше. За несреќа, или можеби среќа, уште како дете имав проблеми со плачењето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од каде таа идеја, не можам да си објаснам. Најверојатно многу деца имаат таква желба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Чупина, корзо и политика. Дај гледај си ја работата даскалска, златни деца имаш таму“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сите деца имаат по една мајка, па еве и брат ти Филип, а ти две...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Затоа, во својата очаеност, мажите им велеа на жените: Жено, ако друго немаме, барем деца имаме.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Немој, те молам Малина, - ја прекина татко ми, - детето има право, зборува од лично искуство.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Тоа е нормално. Децата имаат голема енергија и мора некаде да ја трошат, а згора на тоа, сакаат да изигруваат јунаци и тепачишта, се мислат многу силни и моќни, па така ги заработуваат модринките или скршените глави.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од збор на збор на царо в уши и царцкио син кога чул оти таквоо дете имало гемиџијата, веднаш беше му дошло на ум да не би негоо ет, чунки царицата некоаш беше се повалила да роди такво дете.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога виделе тоа чудо, беше се зачудиле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сега, откако го зедовме тој ојлот од Ираки, кај нас во Америка и секое дете има свој чопер.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И други деца имало без сестри. - Јас немам сестра.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кого и да запрашаше човек во тие години, мајка или татко, колку деца има, ќе речеше четири, две момчиња и две кози, или три, две машки и една коза...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вистина се работело за деца, но децата имаат родители!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И други деца имало без сестри.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Сега многу деца имаа гушки. Гушка почна да ѝ расте и на Горица. Од јатрва ми, Уља.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога во шеесеттите родителите започнаа згрозено да констатираат дека нивните деца имаат сосема поинакви погледи на суштинските културни и политички прашања, беше предоцна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Генерацискиот конфликт беше веќе тука.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Денес постои црногледа индустрија, што се грижи за редовен приток на мрачни прогнози за состојбата на популарната музика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)