Во овие заседи и во третата за која деталите сé уште не се познати, партизаните излегоа само со една жртва“.179 Во овој период многу интензивни станале контактите на британските воени мисии со својот штаб барајќи доставување на воена, санитетска и лична опрема за Првата, Втората, Третата и Четвртата бригада.180 Но и покрај секојдневните побарувања за доставување на воена опрема пратките не биле доволни за да ги задоволат партизанските потреби.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)