ден (имн.) - и (чест.)

Ги реди спомените и станува бледа сенка, и во денот и ноќта...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Со денови и читам преданија За змевот што летал Над планини и мориња И пак им се вратил На крвавите очи од кои се родил И останал змев за приказ.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Стариот Стојмен само промрморе: „Нека, нека и на вас ќе ви дојде крајот. Еден ден и вас сувава солза и клетва ќе ве стаса!“
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе дојдете вие плеќести црни мажи и деца и неба и птици на овие брегови Трпко и ден и ноќ и ден и ноќ да нѐ барате нас мажи и деца и неба и птици Вардар престорени и мостје црно од грижи дали ќе се најдеме ние што го извишивме овој мост за нови плеќи и вие што ќе го извишите.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Секој друг ден и друг човек во НКВДЕ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А еден ден и тој можеше да замине со една од бригадите, што поминуваа низ неговото село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Луѓето се чудеа... Што наумил сега Чанга? Каква прослава на враќањето кога му се готви јамка, кога му се бројани дните и нему и на козите?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Гледај, чудо: им дојде денот и на дивите коњи!“ ме начека.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се качував скала по скала. Посакував да не сретнам никој од возрасните.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Меѓутоа, пред вратата на вториот кат - како да ме чекаше - стоеше дедо Коле.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А еден ден и ќе му раскажам. Кога ќе се смират времињата! Ако некогаш се смират, за нас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој ден и уште пет други дена ништо не јадевме, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)