ден (имн.) - откако (сврз.)

И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само четиринаесет дена изминаа отакко главните на сојовите од Потковицата го потпишаа писмото со кое од султанот бараат да им издаде одобрение за ѕидање црква, општина и училиште, ѝ само седум дена откако му го предадоа на Мустафа ефенди, прилепскиот кајмакам, за тој преку Битола и Солун да го препрати таму, во Стамбола, но и едниот и другиот ден, оној во кој го потпишаа писмото, неделата на Свети 40 Маченици, и оној во кој го предадоа, првата сабота по Свети 40 Маченици, заедно со писмото и заедно со надежите, желбите и намерите содржани во него, никој не ги ни споменува во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Помина и таа мака. Само два дена откако малку се одмори, му текна да оди во Охрид за да прави предновогодишна ревија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Третиот ден откако Рада замина Ѓорѓе почна да го јаде јанѕа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Помина цели пет дена откако татко ми замина и уште го немаше да се врати.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Иако мајка му ништо не му беше рекла на Трајче, првите денови откако таа се разболе, му се чинеше дека му е лута...
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
XVIII По неколку дена откако замина пратеникот на Кралската влада, во манастирот стаса пратеникот на Албанската влада да ѝ го пренесе на Комисијата ставот на својата влада.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа гастербајтер во Германија, кој што неколку дена откако ќе дојде до својата печалбарска дестинација се решава да се врати дома.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Не беа изминале уште петнаесет дена откако беше дојден последниот пат во затворот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За тоа стана свесен само по неколку дена откако дојдоа со Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Марша, уште од првите денови откако се пресели во куќата на Хелвиг и се реши да живее со него, се постави како негова сопруга.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Поминаа дваесет дена откако го испративме писмото - рече, при една средба со лекарот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Елена, само два дена откако ја виде својата другарка во такви несреќни услови во болницата, намина кај Марија дома.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Господине, По десет дена откако го добив вашето писмо, јас најпосле решив да му пишам на Клод Диран, генералниот директор на издавачот Фајар, без да го прочитам повторно писмото, верувајќи дека тоа сепак ќе заврши во неговиот кош.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јаi bien rеu les cartes dАrlеѕ et de Struga, mais pas encore le courrier contenant les critiques que vous mаnnоnсiеz. Cella ne saurait certainement tarder.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Неколку дена откако не сместија надвор од градот, каде убаво се гледаше пристаништето и морето, дојдоа две млади жени.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Имав впечаток дека Б.С. не го беше соблекувал зелениот хубертус сите овие денови откако за прв пат го видов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам зошто но тој негов хубертус ме потсети на оние исклучителни знаци што луѓето си ги носат од своето раѓање и никогаш од нив нема да се ослободат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Есента таа година од Берлин пристигна сестра ми Марие, неколку дена откако ќерка ѝ Марта се имаше фрлено од еден мост во Шпре, во која неколку години пред тоа се беше удавил и син ѝ Теодор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сопругот ѝ беше одамна мртов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се разбира, јавно немам спомнато ниту збор за тоа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еден дел во мене, барем во оние први денови откако узнав за случајот, како да ја осудуваше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
– Италијанското знаме го сошив самата, според урнекот на знаменцето, неколку дена откако крај нашата куќа мина колата во која беше кралицата Џералдина, со принцот Лека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)