ден (имн.) - толку (прил.)

Ох, како да знаев зошто душата тие денови толку многу ми беше радосна.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А толку често се случувало и се случува преку денот да изгубам и триж повеќе време, отколку она божем изгубено време наутро заради кое сум го почнал денот толку онерасположен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сите со смеа го спомнуваа прочуениот гарнетист Енвер-чауш, кој во пазарните денови толку се занесуваше и на мегданот пред Капан-ан ги свиреше своите мајстории пред пазарџиите и амалите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)