ден (имн.) - така (прил.)

Па нели пред некој ден така ни кажуваше комесарот?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така си лета годината. Еден ден така леташе и Мисајле Ковачот. По него оди Давиде Недолетниот и што прави Мисајле, тоа прави и Давиде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веќе месец дена така лежиме, наживуваме. Некои веќе можеме да одиме понадвор, сами да си вршиме измет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ме фатат жените под мишка и ќе ме држат над пареата, ми кушаат. Неколку дена така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да го суредиш! Ене ти го Уредот. Тој е за работници. Што не го носиш таму?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ако секој ден така мериш, ни кошула на грбот не ќе ми остане, камо ли нешто да спечалам. Не си за мера. Ти си, Зафире, повеќе за аргатска работа
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
По цел ден така игравме, а рацете не ни беа миени.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)