ден (имн.) - сѐ (прил.)

И другите жени, мајки и сестри беа тажни. Тој ден сѐ беше тажно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мојот живот е потрага по вечна љубов иако знам дека еден ден сѐ ќе заврши, сѐ ќе се изгуби без трага во движењето на материјата и времето ќе застане, но знам дека каде и да сум еден ангел Серафим (ангел од највисок ред со три чифра крила) е секогаш на моето рамо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Како војник ги броеше деновите сѐ до денешниот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Богдан чувствува како со секој ден сѐ повеќе малаксува, сѐ повеќе го губи апетитот за јадење, сѐ повеќе креветот го држи закован за себе, сѐ повеќе ја губи волјата да стане и да појде во градината; воздухот чувствува сѐ поредок му е и со мака го дише; под кожата крвта му се згрутчува како црвени кристали, како да му се замрзнува, сиросува; гледа: со животот го сврзува само уште тенка нишка што се мачи да ја одржи; го чувствува нерамномерното чукање на срцето, и во мигови кога помислува дека ќе запре, ги трие градите за да го потсили или да го сниша како часовник што подзапира.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Еве, гледаш, јас од ден на ден сѐ понеможам. А и колку помагам? Ништо.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Токму ова му се случи на Јаневски. Имено, тој работеше во новото претпријатие извесно време – до октомври 1994, но, од ден на ден сѐ повеќе и повеќе, лукративните капацитети на фирмата опаѓаа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Наметнато од повисоки структури од претпријатието „Центро“, главната идеја беше, што побрзо, да се „елиминираат“ вработените од фирмата, по доброволен пат – во- ведувајќи ја франшизата, кадешто новооснованите фирми ќе ги преземаат дотогашните вработени во „Центро“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, задкулисните игри не изостануваат никаде, па ни во овој случај – што е и сосем очекувано и не треба многу да нѐ изненади.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Синот на Тајко гледаше како разубедувањето што го применуваше повредениот бег, беше очајнички чекор на нељубен маж, но сепак кај него болката секој ден сѐ повеќе растеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како да носел секој ден сѐ исто, едни пантолони и една кошула, и еден џемпер и виндјакна зиме, а сега ги немаше, ги скрил или ги фрлил.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ќе доаѓаме секој ден сѐ додека не ги уништиме, така рече Веселин, секој ден ќе доаѓаме да ги искорнеме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кејтеновата тајна секој ден сѐ повеќе ја распалуваше љубопитноста на мојата млада и неопитна душа, што можело толку многу да го излуди?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сѐ до она утро кога повеќе не можеше да стане од креветот, а докторите неколку дена потоа му дијагностицираа милијарна туберкулоза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашата загриженост за неговото здравје сѐ повеќе раснеше, и не забележувавме дека Хајнерле од ден на ден сѐ повеќе слабее, температурата на челото ја сметавме за дел од возбудата заради промената на средината, кашлањата за дел од настинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но кога виделе дека трговијата оди добро и дека чесно им се плаќа, тие од ден на ден сѐ повеќе се зближувале меѓу себе, се засакале и се спријателиле.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Меморија: страв - расказ – Од ден- на- ден сѐ повеќе стрепам: овде сум, а по којзнае кој пат сонувам дека никогаш нема да бидам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)