ден (имн.) - само (прил.)

Два дена само минаа откако тој го отпочна тоа необично и безумно дело и Ана пристигна, жедна за милувки и за исповеди, свежа и малку тажна, но детински радосна и брборлива во своите изливи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Седна крај прозорецот, го зеде моливчето и ја напиша оваа песничка за топлата снежна покривка: Од небото зимско цел ден само снежи, под покривка бела родно поле лежи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
До година бездруго... па што сакаш, секој ден само со него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му одаде Павле достојно признание на палтото и ѝ кажа на жената да не го става в орман - отсега ќе го носи само покуќи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Деновите само се крадат, што се вели, ни истече времето ко вода меѓу прсти и никому ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој преку целиот ден само брза, трча, трча од дома на автобус, на воз, во метро за да стигне навреме на работа, а тоа исто го прави и кога се враќа дома од работа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)