ден (имн.) - порано (прил.)

Од соседното село, каде влегле два или три дена порано, дојдоа и рекоа дека Италијанците нѐ бранат да се зборува македонски и дека секој може да си зборува како што сака.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ружите во Розино оваа година процутеа десетина дена порано и затоа празникот на ружите, се закажа порано за 29 мај.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мајка неколку дена порано, отколку што предвидуваше нејзината албанска црвена виза, визата на враќањето, ја напушташе родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Паметам мајка ми рече: Се надевав до недела да ја стокмивме, а втасавме три дена порано.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Денес сме вторник ако не се лажам? – додаде Иван. - Вторник - потврдив. – Значи четврток било – се согласив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако Динкинс, можеби, тогаш не сфатил, Русо не го фалел.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако ви треба некаква друга потврда на ова, доста ви се приказните за дрег-кралицата која го кренала Стоунволскиот бунт удирајќи го со чантичката полицаецон, небаре сакала да каже – како Феј Данавеј во улогата на Џоан Крафорд која играла разгневена мајка маченица – „Па зошто не можеш да ме удостоиш со почитта што ја заслужувам?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“‌ ‌Или размислете за следнава приказна од закопот на Вито Русо, геј-милитантот, виден припадник на ЕКТ АП Њујорк и автор на Целулоиден плакар (студија за прикажувањето на геј-мажите во холивудските филмови).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Првиот беседник на закопот, во декември 1990 година, бил Дејвид Динкинс, тогашниот градоначалник на Њујорк; цитирал, без видлива иронија, нешто што Вито Русо му го имал кажано неколку денови порано, кога Динкинс го посетил на смртната постела: „Во 1776 година, Едмунд Берк од британскиот Парламент вака говорел за ропството: ‘Долгот на политичарот кон народот не е само да биде вреден туку и да расудува, а ако си го жртвува расудувањето заради народното мислење, тој го изневерува народот“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Неколку дена порано знаевме дека ќе дојдат за што не имаше известено повисоката команда, но не знаевме дека ќе има толку мали.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)