ден (имн.) - повторно (прил.)

Секој ден повторно проштеваме, за пеколот во кој се наоѓаме, го вртиме и другиот образ, со нашата труд и мака, ѓаволот го гоштеваме.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Со човечки тела во мојата земја го ѓубрат земјиштето, со нив хранат кокошки и свињи, со тела се полнат јами за да може еден ден повторно да никне црното, дебело семе на злото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се разделија како пријатели, еден ден повторно да се видат во Париз, но тоа не се случи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На денот повторно му ги нудам на дланка искорнатите мечти.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ингрид Бергман се заљуби во собарот Џо Котен, а кога него како осуденик го однесоа во Австралија, таа појде со него.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Потоа осумнаесет дена снимање, и заради славната портокалова боја, девет дена повторно снимање.”
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Другиот ден повторно облекуваа лош кафеавкаст костум и мораа да се задоволат со издавање на забрана за користење на масите за пинг-понг од страна на класно несвесната младина.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А другиот дел на истото семејство, на кое бездруго и јас бев далечен потомок, низ многу, многу генерации остана небаре да вечнее крај морскиот брег со довикот кон своите, на другиот брег, со надеж дека судбината еден ден повторно ќе ги зближи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И натаму внимателно ја разгледуваше обетката под лупата. – На обетката има малку засирена крв.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога по неколку дена повторно го облеков истото сако, ја напипав обетката во џебот, првин се изненадив од каде таа таму, а потоа наминав во „Милениумски базар“, кај златарот- јувелир, кој ми беше школски другар. – Од каде ти е ова чудо? – ме праша тој. – Го најдов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)