ден (имн.) - навечер (прил.)

Имаше мигновена, комична визија за себе, Лардес Ливајн, Евреинот Талкач, како расправа во работните денови навечер во некои туѓи и безимени градови, со некои други Евреи Талкачи за есенцијалните проблеми на идентитетот - не толку на личноста, колку на местото, и какво право имаш да се наоѓаш било каде.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На почетокот бев среќен што го имам поголемиот дел од одајчето за себе иако секој ден навечер морав да ја метам косата и со мокра крпа да ги бришам штиците, а потоа да ја постелам рогозината врз сѐ уште мокрите штици, да подметнувам еден крпарник врз неа и со ист таков да се покривам во ноќите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)