ден (имн.) - денешен (прид.)

До ден денешен не беше сигурен дали мајка му е мртва.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Плачело, тажело, па можеби и до ден денешен тажи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Па и до ден денешен, велат, уште живее во тоа поле, сам, заборавен од сите, и презрен од сите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На времето дошол во кратка посета на Америка и останал до ден денешен.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кај исчезнаа сватовите, каде исчезнаа младенците, кај поштук фатија свирачите, до ден денешен не разбрав, а прашував, и до ден-денешен прашувам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Долго, можеби неколку години, се собирале орли-стрвојади на тоа место, а самото место до ден денешен се вика „Камилите“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Портретот до ден денешен го краси рафтот на мојата библиотека.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како останал и зошто останал жив мојот прапрапрадедо, мене до ден денешен не ми е јасно“, раскажуваше Моне Хнџов-Даров. Ние слушавме, слушавме, но не му верувавме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Мојот пра-пра-пра дедо, махараџата Раџнапур, по неколку години од крвавото собитие се оженил, велеше, се удомил во некое овче-полско село, им изродил род, а тој род изродил свој род и така до ден денешен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А насловната песничка, генерациите ја паметат до ден денешен.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Откако се знам, а еве преку шеесет ги имам, само тоа се збори и до ден денешен никому ништо.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кој да знае кога се случило, а може да се случило - и би се заборавило да не останало низ векови да се раскажува - зашто езерцата и темјанушките останале и до денот денешен...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
За денот денешен ама и за утрешен. Утре ќе е Велипеток.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Започнав од оној миг кога Анче ми пријде и ми го даде лексиконот... и сè по ред како го пополнувавме, и завршив со денот денешен кога наставничката по англиски јазик ме одведе кај директорот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ако имаше три чисти да се прчиш пред другарите, дека Анче од VIб тебе те замолила да ѝ се запишеш во лексиконот - и тоа си го сторил мошне успешно - сега имај три чисти да ја гледаш мама в очи и сè по ред да ѝ раскажеш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Така сторив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)