ден (имн.) - бесно (прид.)

Лош знак носеше и ветрот што зафати неколку дена бесно да дува; идеше од планината, од границата, урликаше како настрвена дивина, го обградуваше селото од сите страни и се нафрлаше ѕверски: ги виткаше дрвјата, ги кршеше гранките, корнеше, кубеше од сламените покриви на плевните, растуриваше стогови со сено и листовници, влечкаше и снопови од нивјето, тресеше на куќите и прозорците, удираше силно, креваше бранови од езерото и со урликање ги удираше еден од друг или ги фрлаше на брегот раздробувајќи ги од камењата или од куќите крај брегот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)