ден (имн.) - низ (предл.)

Има, рече во дворов на општинава еден пеливан од Кичевијата кој од пред три дена низ сета каза прилепска бара јунак сприти себе, а нашиот прилепски јунак, кој ќе го надвие кичеецот, еве го, покажа на Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе се исцедам низ девет кожи, Низ мојата кожа Испишана со девет судбини Во девет дена низ кои водата ја цедев од жарот На мојата последна венчавка со лебот Седнат на трпеза Сам Во самица Пред судниот час. 1.4 Така мислам и домислувам: Ќе мавтаат со шамивчиња претците Ќе мавтаат со шамивчиња потомците И оддеднаш сите ќе бидеме камења Што ќе течат и ќе јачат, Камења топли и камења студени, Камења тешки и камења сиви, Камења што молчат И камења што зборуваат.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Додека се подготвуваше за таа експедиција и набавуваше сè што ѝ беше потребно, Илко дозна многу работи за неа, за нејзината страст да истражува пустини и колку досега истражила, а таа за него дозна од каде е, што бара овде, каде шетал досега по светот и каде ќе оди понатаму; виде дека Илко има немирен дух, скитачки, смел, се впушта во ризици, како и неа - и го засака; дури му предложи да ја придружува неколку дена низ Сахара, и Илко се согласи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Лазор, кутриот, се сврте наврапито спрема Максима, но Мустафа ефенди, како и сите Турци голем љубител на борењето, рече Јас ставам две лири на нашинецов и веќе немаше кој да одречи да нема борење помеѓу нив, помеѓу Лазора Перуноски од Потковицата и Иса од Кичевско: Мустафа ефенди го испрати протуѓерот да ја разгласи борбата за точно напладне во Али чаир па сите заедно слегоа во дворот на општината за да ги состават борачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Околните буки фрлаа над нив дебели сенки, а Сонцето, кружејќи по небото, во поголем дел од денот низ густите лисја фрлаше снопови шарена светлина и си играше со нежните есенски треви.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)