ден (имн.) - училиште (имн.)

Тие денови училиштето ти било најважно од сѐ, нели? - Да, така беше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Оваа случка беше скорешна, од последното доаѓање на Бојан во колибата, во октомври, кога два-три дена училиштето не работеше, па Бојан беше дошол да се види со деда си.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа, тамам малку се олабавив, во деновите пред распустот, оти тогаш наставничката ги испрашува само послабите за да можат да поправат некоја оценка, стигна онаа вест за Ивана.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)