ден (имн.) - сонце (имн.)

Воловарчињата најмногу ја имале таа можност зашто секаде наоколу се просторни ридишта со богати пасишта врз кој овој летен ден сонцето припечуваше, а ветерот го повиваше чипецот и им ги палеше обравчињата на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Следниот ден сонцето пак огреа и девојката дојде околу два часот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Низ полето кога помина Водолеа дотече една тиха река И многу дечиња крај брег си играа, Низ полето кога помина Водолеа Три дена сонце јасно угреа И в тихо соне земјата спиеше.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Преку ден сонцето блескаше по врвовите на костењето и фрлаше шарена сенка под стеблаците.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Таа сиве денови сонцето го бара.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)