ден (имн.) - куќа (имн.)

За тие неколку дена куќата темелно се исчисти, пердињата се испраа, паркетот се излакира, фрижидерот се одмрзна, алиштата се испеглаа и сè стана некако за нијанса посветло.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Така секои три дена куќата во којa одеше на рана, молчешкум го пречекуваше, молчешкум го испраќаше.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За неколку дена куќата почна сосема да им се менува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)