ден (имн.) - тоа (зам.)

Издивна: „И навистина еден ден тоа и се случи: клучарот ја остави вратата отклучена.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Цврсто веруваше дека еден ден тоа и ќе се случи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секој ден тоа го гледаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И дојде ден тоа да го види Трајан. Кога почна регрутацијата, луѓето рекоа: господе, поможи, лесна да ни е ногата, и тргнаа. Со нив и Трајан Блосоениот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се надевам дека еден ден тоа ќе се прави на улица и веќе нема да биде мистерија за која се трошат толку нерви и енергија. Ќе одиме ли?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Но колку да ми даваа зорт да стигнат до Битола, бавното одење и кусиот декемвриски ден тоа не го дозволија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
АЈ ВЕДНАШ ТРИ РЕКИ И ТРИ ГОРИ ПРОЈДИ, ПО ТРИ ДЕНА ТОА ЌЕ ТЕ СРЕТНЕ ВАКА...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Постојано се фалат и ни брмчат како бумбари околу нас. Најпосле, еден ден тоа ни препука и ни здодеа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но за малку еден ден тоа нејзино превисоко скокање ќе го платеше со животот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)