ден (имн.) - си (зам.)

— „Ама пак не ќе биде бадијала сето воа.“ Дните си врвеа редовно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но деновите си врвеа, а во водите ништо не трепнуваше, што можеше да му ја смири маката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По цел ден си учев и тоа некако ми го врати мирот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Деновите си врват. Не можам да зборувам дека ќе сторам вака, или ќе сторам така, па натаму „ќе видиме“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, денот си врвеше по старому и барабанџијата со својот оптегнат глас ја најави пак вечерната конференција на Народниот фронт,а на светлината од газиените лампи и вечерта сите селани продолжуваа да молчат и да чмурат со своите цигари во ќошковите на единствената поширока училница на основното училиште, како секоја вечер, ниеден од нив не велејќи НЕ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најголема разонода ми беше кога напролет ќе надојдеа рекичките со таа бистра вода, а јас ќе седнев на работ на реката и по цел ден си играв со камчињата што ги миеше бистрата вода.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
После, седум дена си лежел в кревет, си се исповедал и си се причестил очекувајќи да умреш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со песни и пароли, со строев чекор и со раскажувања за херојски и победнички битки го јакнеа нашиот дух и секој ден си игравме војна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Уште еден ден си отиде, рече Роден Мегленоски и уште еднаш погледна во гробот на својата мајка, Велика Мегленоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)