По нивното заминување тој долго, изгубен, талкаше по перонот, не срамејќи се од присуството на живи луѓе.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Следните два дена му минаа како низ магла.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Јас секој ден му ја метев собата и му носев вода да се измие и да се избричи.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тој ден му соопштија дека се враќа во Солун, на своето место на главен рабин и на местото на претседател на Советот на заедницата на неговите верници.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тие дни му даваа само леб и вода, но Толета повеќе го истошти бессоницата, оти немаше каде да се испружи да преспие.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мислеше и еден ден му рече на Златко: - Вечер заедно ќе појдеме по ѕвездата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Тие месеци брат ми секојдневно се јавуваше кај Софи; еден месец пред породувањето таа му кажала дека се чувствува многу лошо, следниот ден му се јавил зет му Макс Халберштат и му рекол дека состојбата на Софи се искомплицирала, и била итно префрлена во болница, а ден потоа Макс му се јавил одново и му кажал дека Софи починала.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога го видов првпат по смртта на Софи, брат ми седеше неподвижен, со погледот закован некаде во средината од масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Без да се дознае што еднаш на друм бил тепан од двајца заптии, несреќникот понекогаш ноќе, додека умните и живите седеле зад замандалени врати, одел по селото и замавнувал со вила кон пците и сенките.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Денот му бил ноќ, се плашел од светлина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Наоѓаше нешто заедничко во таа нивна желба и со сета душа се радуваше што овој ден му донесе една таква целовита средба.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во деновите до венчавката во ниту еден момент, со ниту еден гест, не ја откриваше својата тага. На секој ден му даваше нова боја.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Војничките денови му даваа време и тој го преточуваше како со песочен часовник.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Полека ги уверувам двајцата дека сè ќе биде намирено штом се вратам, ама, овој што денот му започнал без Цеца, веќе качил притисок и бара да му се измери итно.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Четвртиот ден му се јави една Андалузијка, која доаѓаше само да го исчисти станот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Жената се налути. – А кој сте вие, по ѓаволите? Сатурн ја спушти слушалката.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А татко му еден ден му рече: кој нема татковина, нема ниту гроб, нема ниту гробници и ти забранувам да патуваш!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Само јас заминувам, а ти ќе пееш како единствена тишина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Еден ден му предложи да се земат, да се венчаат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И сѐ така: со двоумење. Гледајќи му ја нерешителноста, жена му на Мил еден ден му рекла: „Не пишмани се...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Но пред неколку дни му кажав на Осип, дека ќе допатувам ваму по работа, а тој вчера ми напиша одговор: упаѓај директно од железничката станица на роденден, таму, значи, ќе се сретнеме.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
По неколку дни му се смилило на Силјана да појде кај трлото да си ги види јагнињата, чунки тогај се јагнеле.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Незамисливо, би рекла неговата сѐ уште-Преговарачка партнерка кога тој тоа така би го изразил; но најдобриот доказ за Френк дека стигнал до последното П во ПБПДП е дека овие увиди, иако растажувачки, вкупно гледано деновиве му носат колку бол, толку и задоволство; задоволство што толку долго време (иако помалку отколку што очекуваше) ги имаше, ако не богатството и славата, тогаш почитувањето од своите студенти и колеги додека предаваше, нежноста на својата возрасна ќерка и возрасниот син на Џоен од нивните претходни бракови и, над сѐ, љубовта и пријателството на својата втора животна сопатничка, чии што талент и доцниот успех го радуваа барем онолку како да се негови.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Доушникот некој го излажал или намерно му подметнал погрешна информација.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Присуствував на стрелање на еден Козак само затоа зашто го сокрил коњот, иако кутриот тврдеше дека пред неколку денови му пцоисал, близу Краснодар.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Уште првиот ден, што во текот на неколкуте наредни денови му се потврди, му направи впечаток едниот од тројцата старци што уште првиот ден ги забележа на гредата под оревот крај реката.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На авторот на повеќе пати тие дена му се присака да му се даде можност ова свое доживување со битолчанката Аспасија, Паца, да ѝ го раскаже на Летка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
— Излезе, вели, по цел ден му е главата во весниците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И тој е некој чуден човек, како е тоа можно, кога цел свет оди во Кан во мај и сите се забавуваат, гледам јас на телевизија, само тој не знаел што да прави со слободното време.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Татко ми еднаш бил во Кан со неа, и вели дека никогаш повеќе не би одел, оти само првите два-три дена му било интересно, а потоа ужасно му било здодевно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)