Веќе бев доволно измрцварена од сè што ми се случи последните неколку месеци, а последните два дена ме докрајчија.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Мадам Рада Мојот практичен ум цел ден ме тера да мислам дека можеби е време, и тоа крајно, да вметнам нова шифра на дејност во мојата фирма загубар, која нема да бара многу средства за вложување, а маркетингот ќе го прави самата задоволна клиентела, по принцип „од уста на уста“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Еден ден ме покани и дома. На неделен ручек.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
14. По два дена ме викнаа од рецепција: имате посета!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Секој ден ме насилуваат да дадам збор за Гзарка.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Сѐ му изнапишав: „како ми е страв да ѝ кажам на мајка; дека ме држат затворена како затвореница; како секој ден ме навиткуваат да се согласам за Никола и оти еден ден ќе го сторат тоа и без мојата согласност.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Еден ден ме собраа и мене, како и сите вас, тука во Сајмиштево.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Така го собраа и семејството на Алегра, токму во време кога во градот почнаа диверзии.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Мачката му одговорила: - Не гледаш ли? Мене по стопати на ден ме тепаат, па не сакам да знам.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Благото чувство на недонаспаност што по цел ден ме држеше, ме правеше нервозен.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Секое утро тие денови ме будеше цвркотот на птиците на којшто моето уво беше толку многу чувствително.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Некако сум посрамен дека веќе цели три дена ме чуваат дома.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Интересно е, ама мене мислата ми бега некаде далеку.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И тие мисли со денови ме прогонуваа.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Два дни ме држеше затворен.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
дрво удрено од ровја, црно и го фаќам в гуша и го стегам колку што можам, а тој само потклекнува и кркори,
небаре да брбори во вирче вода, пушта шапки и очите му
излегуваат надвор, ко откатени ореви, бамуја, и потоа
памтам само дека ме удри нешто по глава, и ми скрцка
нешто во главата, мислиш некој џам ти се скрши во главата и после, кога се освестив се видов бос, ми ги собуле
чевлите и чевлите ги видов на нозете од старшијата, оти
после многу денови ме тепаше, ќе ме потепа, потепа, и ќе
си фати настрана, и ќе се погледнува во чевлите, во ботушите, ќе се кочопери, ко петел на буниште, ама нема
веќе што да ми земе, може само животот или калта од
под ноктиве да ми ги земе, и сега еве се дотркалав и до
ножот од брат ми...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По неколку дена ме повика на ручек дома ѝ и со баба ѝ ме распрашуваа од каде сум, и како сум станал гробар.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)