ден (имн.) - шета (гл.)

Во еден миг застана реката, го исполни коритото, се поткрена на бреговите, разгледа наоколу: што се случи, се прашува самата, каде е човекот, и со денови шеташе сама низ полето, ги раскопа друмовите, ги раскорна плочите, а кога му ги откри трагите таа се повлече во коритото, спокојна и плавна, загледана во човекот што го чита Борхеса: тенкото жуборење на водата што го довикува споменот на пустината.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Секој ден шетав крај таа зелена и ледена река, Рона, која минува низ самото срце на градот, а ја премостуваат седум сосема различни мостови”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес избра да умре во Женева.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес дојде во женева да ја побара земјата која, како што годините минуваа, во голема мера стана негова сопствена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со денови шета сам дење долж пресушеното корито на реката ноќе низ пустината во себе и утринава тој се собува, ги засукува ногавиците, зацапува во празното корито, го собира камењето, го корне билјето, го зачистува дното; што се случило, сам се прашува, кај исчезна водата...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Еден човек одново се вратил тука и со денови шета по родниот двор, кружи покрај еден голем камен паднат некогаш од ѕвездите.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Цел ден шетам и не можам да си ја најдам куќата. Најпосле момчево ми помогна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во последната книга што ја објави - Завереници, збирка песни од 1985- та - тој женева ја нарече една од неговите мајчински земји, а во насловната песна зборува за швајцарија како за “тврдина од разум и цврста вера”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)