ден (имн.) - треба (гл.)

Идните денови требаше да ја расветлат тајната...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Секој ден треба да се обидеме да ги инспирираме другите, можеби не сме совршени, но во сите од нас постои светлина, харизма, шарм, глас кој ги инспирира другите околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да продолжиме да патуваме низ животот, да го исчистиме минатото од нечистотијата односно да го разбереме, да си простиме себе си и на другите за недостатоците, мааните, несовршеностите, да си створиме мир, конкордија, согласност, урамнотеженост и да дозволиме да бидеме водени од страна на големата сила што се наоѓа во нас, поголема од секоја надворешност, поголема од нас самите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
За веќе подготвени пет книги “Темплум” деновиве треба да добие уште три илјади (3 000) ам. долари.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Единствено стравуваа од јужното ветре, од топла издишка која Севишниот еден ден требаше да ја прати, од капката која можеше да им го наруши сонот на сонувачите или да ги разбуди.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Имам резервации што овие дена треба да ми бидат потврдени“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа по десетина дена тој планираше да оди во Охрид во кампот Ливадиште.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По неколку дена требаше да заминеме со моите и со Борче за Маврово.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не се живее од воздух. Денот треба да се купи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
За некој ден требаше да стапи во сила Законот за забрана на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)