Го приготви ферманот за мариовскиот хас, писмото за кадијата и по пет дена тргнаа, та ги одведе своите Мариовци по оној ист пат по кој лани беа отерани.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
ГЊИЛАНЕ
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кладе нов кадија на прилепскиот кадилак, но стариот не можеше да му го доведе на везирот, бидејќи и овој, како и силниот Сулејман, беше се преселил кај големиот пророк уште зимата, кога затворениците лежеа во Цариградскиот затвор.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Еден ден тргнавме од Тетово преку Качаник, Урошевац за Гњилане. По пат измрзнавме а и се заморивме.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Дедото Петко за местото се пазарел со Буровица, го платил со единаесет жолтици и кога таа еден пазарен ден тргнала за Воден да му го препише местото, на Белојаса, на свиокот од патот, на најлошото место, коњот се сопнал и таа одлетала во реката. Од таму ја донеле на леса, ама мртва.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)