ден (имн.) - сум (гл.)

Знам дека во меланхоличните денови сум носталгична по старите гитари, по стариот живот, по далечните патувања.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А, во неподносливите долги ноќи за да можам да направам само чекор го барав погледот во едни, сега веќе далечни очи кои некогаш беа совршен почеток на љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Туку, дај од петочново гравче. Два дена сум на сува храна. Сакам лажица да заигра.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Овие два дена сум на семинар во Скопје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Нема никаков проблем. Овие два дена сум слободен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некои додуше само културно ќе се заблагодарат што си им се јавил, некои ќе ти напомнат дека ќе те имаат на ум кога ќе им затреба, а некои велат дека баш пред недела дена сум им требал и штета што не ми текнало тогаш да им се обратам.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Моите ме довлечкале до дома. Два дена сум бил во постела, на третиот сум ги исплашил луѓето од чаршијата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ме гледате – по цели денови сум на нозе...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Веќе неколку дена сум принудена да гледам во неговиот параден изглед, во студените ѕидови, во Хитлер и цар Борис, во клучалката од вратата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред преселувањето Перса ја замоли девојчето кај неа да го остава По цел ден сум дома, а и големка е веќе, кај јас таму и таа, ќе ми го разубави животот, да знаеш, златна!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Секој ден сум те хранел, секој ден. Тоа и сега ќе го сторам, последен пат, Цезар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не ми беше проблем да јадам на другата маса, па седнав, но само што го сторив тоа целото семејство повторно исчезна зад мистериозната врата и јас останав сам во кујничката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пресмета дека ако три дена сум на конференцијата, потоа можам да се качам на автобус и само за четири-пет часа пат да стигнам во гратчето каде што живеат тетка Олга и тетин Јован.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
При последната средба дури и ми довикна: Попусто се прашуваш во една твоја надраска (а таква надраска не постои): колку ли бил тежок мојот сизифовски напор в туѓина, бидејќи секој ден сум го разградувал она што таму, кај вас со години сум го градел!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зошто ти е таков гласот? – ја запрашав директно. – Не сум арна, сине, еве, три дена сум така, немам си­ли!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)