ден (имн.) - стои (гл.)

Луѓето долу, на улицата, имаа смалени фигури и беа раштркани по плочникот, ретки автомобили брзо ја пресечуваа стеснетата бела врвица по средината, само двократниот црвен автобус, откако ќе се занесеше на завојот од плоштадот, на влегување во главната улица, лазеше тука рамно, притеснет во некоја своја одредена четвртеста линија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Одамна оваа грдомазна железна конструкција не светеше навечер, а преку ден стоеше изгубена меѓу покривите, на височината.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Молчеше, зашто случката не ја виде на сон, туку на јаве: од поодамна Богуле знаеше дека жена му на Андро, Андрица и Оруш варџијата почесто се состануваат скришум во варницата која повеќе денови стоеше топла.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Човекот ги префрли обете раце преку железото, како да се распнува на него, и сега гледаше удолу без она несигурно стоење на тлото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Цели денови стои тој на малото возвишение над Канео и никако да започне: ниедна линија, ниедна боја не заигра по неговото платно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во белешката од следниот ден стои дека Легнав слободен и без грижа и дека уште во пет саатот сум отишол да ги видам мајка, Лена и Јана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој, еднаш, собрал во шапката парче од љубената си почва, па 36,5 дена стоел на глава со шапката и ја впил сета мудрост на почвата.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)