Но по неколку дена стигна везировиот човек со останатиот дел на парите и изградбата продолжи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кадијата со првиот табур, Селим, Фазли и Даут со вториот за два дена стигнаа до реката Црна, првиот на Чебренскиот Мост, а вториот на оној на Светецот, а Мехмед, Муарем и Фета веќе ја фатија реката Коњарка над Скочивир и се накачуваа преку карпите кон Будимирци и Груниште, за да се појават над самото Старавина.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)