Еден ден седевме во мојот дом со Менаџерот и дискутиравме за моите престоечки настапи. Тој ми спомна дека во некоја мала земја Македонија во католичката црква набавиле оргули што дотогаш ги немале и бискупот преку мојот менаџер ми се обратил мене.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
И стварно, по недела дена седевме со мали Џонсон, а јас глумев дека имам малтене готово сценарио што гарантира вртоглав милионски профит.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Со денови седев затворена дома, како полжав во куќичка, надвор одев само кога морав, до гробишта, банка и да купам нешто за јадење.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Неколку дена седев повеќе дома, во куќата, отколку надвор.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ги испратија нив осумтемина некаде пред полноќ, во најстудените саати.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Така, веќе со денови седеа и чекаа, но сега, откако извидницата ќе се врати, ќе решат како ќе продолжат понатаму.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Веќ е неколку дена седеше сама дома и одвај чекаше некој да дојде, некаде да појде и воопшто нешто да се случи.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Со денови седам врз долапот а пак таа ме зема в раце само кога брише прав преместувајќи ме од едно на друго место.“
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Брчалото цело време тие дена седеше во зелениот пластичен стол упорно и истрајно загледан во Тумбица.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Наредните денови седеа на меѓата, ги гледаа телињата каде што пасат допрени со главчињата и неусетно раката негова ѝ појде на нејзината; таа не ја тргна; почнаа да си ги гледаат рацете како првпат да си ги гледаат: неговите полнички, црвеникави, а нејзините истенчени, бледи; започнаа да си ги милуваат, жулкаат; потоа си ги жулкаа косите: нејзините долги светло-црни, а неговите куси, бакарни и разделени на потец.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)