Митра, бесна од Илковата блага постапка спрема Доста, секој ден почна да ја дразни и предизвикува. A кога Доста ѝ се фалеше со Стоја оти ќе ѝ го „потполни самарчето“, одговараше: — Море бре, со шо ќе ме плашиш!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Песочникот го преврти и деновите почнаа повторно.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Празничниот ден почна со неколку густи и брзи јата сини гулаби.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
— Дека денот почнал да се куси.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Притоа младиот рече дека е студент и дека тие денови почнале предавањата на факултетите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тивок, работлив ученик, не премногу омилен, но солиден и поверлив, тој од најраните денови почна да ја гради својата одбрана.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Реков: - Мерките за траењето на денот и ноќта, многу се променливи и не се со иста тежина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Затоа и денот почнува порано – вели Даскалов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Знаев дека го мрази сожалувањето, а тоа можев да го забележам и од фактот дека не реагираше кога јас дури и наметливо ќе ги употребев зборовите што таа последните денови почна да ги одбегнува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За да го сведам на вистинска мера значењето на нејзиниот збор „часот“ и реков дека не треба толку да е сигурна во своите пресметки во врска со пристигањето на некаков си час.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
(Борис чита седнат на столица. Матеј стои од страна.) БОРИС: „13 ДЕКЕМВРИ. Денот почна подоцна, како што во зима нема доволно сонце, то ест доцна изгрева па почнува доцна. Ќе има грав за ручек.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Како ветер сновеше до пладне и не само што направи душеме од штици, призакрпи и врати со тесла од Дине и крфии најдени по темните ќошиња, туку од некаде донесе старо ламаринено ќумбе, рѓосани кумци кои во втората половина на денот почнаа да исфрлат бели кадели кадиш.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во овој свет Нумо се чуствува и весело и болно.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тешко се спријателуваше со луѓето, но кога врзуваше пријателство, го чуваше како што домаќинката го чува оганот во огништето да не угасне.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Меѓутоа, во последните денови почна да го чувствува и отсуството на Кире.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)