ден (имн.) - нема (гл.)

И ноќта и денот немаат крај сѐ има крај а никако почеток... сѐ уште темнина, тишина...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ќе рмбаш ко коњ и бел ден нема да видиш , а парите ќе ги трошиш коа ќе идеш у пензија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Погледот ти досега едно три дена пешачење, а и по тие три дена нема жива душа ниту трага од цивилизација... Едноставно, тоа е како од Водно да го гледаш Ќустендил!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Гладни сме. Леб два дена немаме јадено.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Неработни денови немаше. За еден час добивавме 10 центи тоа значи 1 долар и дваесет центи на ден.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Павле, како што се викаше домаќинот, мирно климна со главата: - Дојдени сте на вистинското место деца, овде барем неколку дена нема никој да ве бара.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Четири дена немавме никаков контакт, и сега јас ја избегнував, затоа што сакав да ѝ ставам на знаење дека сум лут; го избегнував и Земанека, затоа што и тој, на еден сосема извесен начин, ме изневери, оти се пријави да пее народна песна, а не предложи, на пример, да изведеме и една џез композиција, јас, тој и контрабасистот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Седеше токму пред мене, а јас, од оној ден немав прилика со неа да проговорам ниту збор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оставија само расфрлани книги по подот, оставија неколку откорнати штици, под кои не пронајдоа ништо, ја оставија вратата отворена; вратата чкрташе како ѓаволот сето време потоа, а онаа стара жена, стопанката на куќата, што живееше во собата веднаш спроти онаа отворената, неколку дена немаше смелост ни да ја затвори и по цели денови одеше изврзана со крпа преку ушите за да не ја слуша како чкрта и при најлесно ветре.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ЕВТО: Еден ден нема да се вратам дома, нешто да не се случило.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Првите денови немаше кој да не снабдува со храна, но набрзо донесоа некој друг Албанец.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Веќе вторпат тој ден немаше да можат да си ја довршат играта.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Еден ден се боревме и почувствував дека се заборавил во жарот на борењето, ја зеде машата, а јас избегав зад еден плет, тој удри во плетот, дотрча мајка ми и му свика: Што стори бре, Тасе! а тој – Остави Ристено, ќе си го утепав детето, цел ден немам тутун и таков сум.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Дури и оние неколкумина што првиот ден немаа, нашле некаде пари и му донесоа на деда Бошка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Исто така, добро ја анализираше Деветтата Бетовенова симфонија, составуваше правни документи, наизуст го знаеше бројот на законот за кој се зборуваше...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Остана неговата тајна како успеваше да остави впечаток дека тој ден нема да направи ништо. А сепак правеше. И тоа редовно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И првиот ден немаше, вториот ден немаше, петтиот ден, пак така, ама после, кога ја слеков да ја замијам, нешто како да ме џишна, као да ме опрли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ноќва е ваза длабока без сон каде ’рти цвеќето на немирот И јас немам раце да ја скршам на белото кладенче на денот Немам очи да ја ослепам со жолтите плодој на чекањето Имам само една добра песна што го кроти просторот непроспиен Песна добра како кроток кавал што го чува стадото на надите
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)