После изливот на реките по расположливите природни пространства и напливот на атмосферските води по улиците на населените места по целиот Балкан, во соседна Бугарија, на една од централните авении на главниот град, деновиве била регистрирана присутност на рекичка начинета од големи творечки имиња од областа на кино индустријата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„Во тие денови било обичај жените на ѕидарите да им го однесат ручекот на своите сопрузи на работа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Дваесет дни бил болен јунакот, дваесет дни го лекувале со тешки вина и со бели погачи најубавите девојки...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Наеднаш, и самата изненадена, се свртува кон нас и објавува дека деновиве била прилично вознемирена бидејќи поверувала дека пролетва нема да се појави оној чифт желки во нашиот двор.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Сл. Мерџанов неколку дена бил како луд. Место не го држело.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тие денови биле тажни за сите луѓе, а најстрашни за децата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Кога првите востанички истрели им дошле до глава на негушките претставници на отоманската власт и кога почнале дивите страженија со аскерот на Емби Лобуд кај селата Прахно и Цер и на некои ритчиња судбински определени за православни и муслимански гробишта, Панделиј Каламарис паднал болен од коњска кашлица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Шо слушам? Зборат луѓево дека партизаните талкале низ околнитени планини, а Германциве веќе четири дена биле заминати од Битола.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)