Тоа е историскиот процес на либералната демократија во којшто класата се дислоцира самата себе и не го решава проблемот во рамките на една чувствена одбрамбена реакција, туку го прави непроблематичен во динамиката на својот развој - НАДМИНУВАЊЕ.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Затоа и во земјите коишто имаат големи проблеми со воведување демократија во информирањето (или тоа го одбиваат, како Кина, Индонезија и СР Југославија) се настојува максимално да се отежни (или потполно да се оневозможи) приклучувањето на Интернет.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тука, на оваа земја, не само наши иселени од Маказар, туку и други, посебно од Егејцко, бидејќи е блиску границата, да си градат куќи, вили, и кога како ќе се може, ако се пушти демократијата во Грцко, да одат во посета на своите огништа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
За 2 октомври, кој беше прогласен како празник на мир и демократија во светот, ме задолжија да подготвам реферат и да го прочитам пред војската и народот од Елбасан.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не знам дали дека ме апсат или за мир и демократија во светот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И покрај фактот што вистината за настаните во Македонија во американскиот печат полека си го пробивала своето место, односно може да се каже - задоцнетата вистина за носителите на отпорот, американскиот политички естаблишмет, по смртта на Рузвелт, влегол во сферата на "реалната политика" и застанал во одбрана на интересите на западната демократија во Грција и во Турција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Со тоа и двете големи сили застанаа зад прокламираната федерална Македонија, како единствена "дозволена" солуција за македонското национално прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кај нас la democratie nest pas pour demain! - ми нагласи Бургиба на јасен француски јазик дека за демократијата во Тунис ќе треба да се почека. ***
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Демократија без граници По мое мислење, таа спротивност може да се разреши или со пораз на демократијата поради победата на пазарната економија, или со спротивниот развиток, или така што ќе измислиме „демократија без граници“, демократија во која границите веќе не се единствениот критериум за тоа чии сме граѓани според тоа во кој регион живееме; друга можност е човекот своите права на граѓанин (и државјанин е да може да ги користи во разни региони; трето, да има право да припаѓа на поголем број региони.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
По мое мислење, полека се раѓаат институциите на една демократија во која границите веќе не го даваат правото на исклучување од користењето на граѓанските права.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Како да сме излегле од најстабилна демократија во која луѓето уживале неприкосновени слободи кои што никакви тајни служби не можеле да ги ограничат.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Според гледиштето на Хабермас (слично на песимистичките гледишта на Адорно и Хоркхајмер во нивната „Дијалектика на Просветителството“), при преминот од пазарен капитализам и либерална демократија во државен/монополистички капитализам и либерализам на социјалната држава, државата и јавната бирократија сѐ повеќе продираат и во економската и во јавната сфера, а државата и корпорациите ги преземаат виталните функции на јавната сфера, дегенерирајќи во процес на доминација.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Доцната модерност доведе до пропаст на јавната сфера.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Кибернетичките медиуми во рацете на политичарите со шокантно големи рекламни буџети играат на стравот како LCD (најмал заеднички именител).
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Толку за темната страна. Добра вест е дека кибернетичките медиуми не можат да бидат контролирани.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Новите фрагилни демократии во источна Европа веројатно ќе мораат да поминат низ оваа фаза на маркетиншки телевизиски избори манипулирани од “спин-докторите” (стручњаци за правење имиџ, заб. на прев.) и нечесните реклами.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во раните години на електронско-информатичкиот стадиум (1950-1990), способноста на религиозно-индустриско-воените водачи да манипулираат со телевизијата ја претворија граѓанската демократија во мнозински, првостепен тоталитаризам.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)