дело (имн.) - стори (гл.)

Имено, по оцена на работодавачот, а со писмен налог на овластеното лице, работникот се отстранува од кај работодавачот – со надоместок во висина на платата, ако: (1) тој, со своето присуство кај работодавачот, го загрозува животот или здравјето на работниците или други лица, или се оштетуваат средства од поголема вредност; (2) присуството на работникот кај работодава- чот штетно ќе се одразува врз работењето; (3) присуството на работ- никот оневозможува утврдување на одговорноста за повреда на работните обврски; и (4) кога против работникот е покрената кривична постапка од надлежен орган, за кривично дело сторено на работа или во врска со работата (чл. 83, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За работниците отстранети од работа, за времето додека се отстранети од работа, работодавачот е должен да ги уплатува придонесите утврдени со посебните прописи за најниската основица за плаќање на придонесите (чл. 237, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој очигледно смета дека кривичните дела сторени од страна на наркоманите главно или во потполност се предизвикани од потребата да купуваат дрога по високи цени на црниот пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По оцена на работодавачот, со писмен налог на овластеното лице кај работодавачот, работникот се отстранува од кај работодавачот со надоместок во висина на платата на работникот до донесувањето на одлуката за отказ на договорот за вработување, ако: 1) работникот со своето присуство кај работодавачот го загрозува животот или здравјето на работниците или други лица или се оштетуваат средства од поголема вредност; 2) присуството на работникот кај работодавачот штетно ќе се одразува врз работењето кај работодавачот; 3) присуството на работникот оневозможува утврдување на одговорноста за повреда на работните обврски и 4) кога против работникот е покрената кривична постапка од надлежен орган за кривично дело сторено на работа или во врска со работата (чл. 83, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дополнително, работникот може да биде и суспендиран во случаи кога против него е покрената кривична постапка за кривично дело сторено на работа или во врска со работата или е покрената дисциплинска постапка за дисциплински престап, а повредата е од таква природа што неговото натамошно присуство во јавното претпријатие додека трае постапката штетно ќе се одрази врз јавното претпријатие, односно ќе го осуети или оневозможи утврдувањето на одговорноста за дисциплинскиот престап (чл. 37-у).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Како и многу други поборници на легализацијата, Бендоу се обидува да го преувеличи придонесот на криминализацијата во разорните последици на наркоманијата, како што се криминалот и „вовлекувањето“ на младите во недозволена трговија со дрога, така што го набљудува како незвисен фактор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)