Кога музичкото дело се конципира како доволно отворено и неодредено, тоа создава простор за активно вклучување на многу луѓе, при што и изведувањето и слушањето на делото стануваат творечки и индивидуализирани чинови - бидејќи нема правила, секој се истакнува автентично и останува самиот тој.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ритуалниот механизам на интеграцијата и понатаму живее во секуларниот углед што оваа уметност сега го има и го применува, така што низ аурата на “возвишен”, “чист”, “единствен” која ги опкружува делата, а која низ поимот за оригинал продира во временската свест, уметникот е ставен во ранг на суштество слично на бога, а уметничкото дело станува скапоценост.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Уште подобро: ако „секое преместување на елементите со цел да бидат подложни на гледање и проценување, зависи од некои општи закони и од едно посебно штимање, однапред одредено за категоријата на духот на која особено ѝ се обраќа, тогаш уметничкото дело станува машина наменета за побудување и комбинирање на поединечните формации на тие духови”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)