дел (имн.) - остане (гл.)

Кога застанал на средината на кожата, и средината и сите други делови останале мирни!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Само јас не сум сигурен кој мој дел остана горе и уште разговара со тебе, а кој е овде, со Даскалов и Боге од Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Боге вели дека по негово мислење еден ден сонцето може да се излее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дел од нив биле евакуирани, а еден дел останале и понатаму и известувале за состојбите во Македонија, а особено за пројавените идеи од страна на македонското политичко и воено раководство за обединување на трите дела на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Зошто Седларов од своето излагање го беше исфрлил овој завршен дел останува да нагаѓаме.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)