дедо (имн.) - кој (зам.)

Во песната на Абориџините задолжително има сврдле што прави дупки во совеста, има и ќутуци на кои се испоседната украдената стварност, има и дедовци кои претпладне коваат потковици а попладне учат да играат не лути се човече.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Дома за Циљка пред сѐ беа баба и дедо и помалите сестрички и братчето, кон кои беше така приврзана, како водата кон брегот и како птиците кон небото, а кои, ете, скоро година дена ги нема видено; дома беше и огништето, кое најмногу го сакаше тогаш, кога надвор врнеше снег со големи партали или кога завиваше северњакот зад прозорецот, а во спузата се печеа костени и компири и во поллуосветлената одаја единствено се спушаше прскањето на искрите и тивкиот глас на дедо кој им раскажуваше приказни и тие, внучињата загледани во него, едно подруго заспиваа со убавите самовили и со лошите змејови под клепките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така зборувале нашите предци, ми велеше дедо, а затоа нему му раскажyвал неговиот дедо кој од својот дедо слушал и знаел. И поп Васил така велеше...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа не се сеќаваше на ништо од пред почетокот на шеесеттите, а единствената личност што некогаш ја познавала и која често зборувала за деновите пред Револуцијата, бил еден дедо кој исчезнал кога таа имала осум години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби и поради тоа тој некако му беше слабост на дедо кој што имаше поинаков однос со него и не ја криеше неговата наклоност кон Тома.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тоа беа широки бечви и минтан направени од најубава чоја, а на дедо кој беше висок преставителен човек навистина убаво му прилегаа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Дури потоа татко ми му пристапуваше на дедо кој, дотогаш седнат во кланикот, стануваше и му ја подаваше раката на татка ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Целата долина, од оној врв, Чукарот, кој како шилец се вишеше над столетната букова шума од северната страна, па до Рамните Ливади, три, четири километри подолу кон југ, се викаше Гогов Валог, според името на некој пра-пра Бојанов дедо кој ги расчистил и разорал плодните падинки покрај поточето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога навршила 16 години, добила понуда за брак од мојот, сега веќе покоен, дедо кој бил, ни помалку, ни повеќе 11 години постар од неа, но затоа пак бил мајстор над мајсторите во градежниот занает.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Мајка гласно почна да плаче и прегрнувајќи ме залелека: - Сирачиња мои, сирачиња...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа ни рекоа да одиме на другата страна на шумата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Колку години имаш?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И дедо кој постојано ме караше.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тука завршува лозата на мојот чукун дедо кој местото го добил за јунаштвото што го покажал во војната со Полјаците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Точно е дека само јас имам дедо кој има ливада и тополи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ќе се препознаев како младо, тенко фиданче некаде меѓу некои стари древни брестови, кои од старост се подгрбавиле и личат на стари дедовци кои љубоморно го чуваат својот престарен живот и не сакаат да се развива младиот цвет заплеткан меѓу нив.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)