дедо (имн.) - ги (зам.)

Со дедо ги изброивме цртите и беа токму толку, колку што бараше даскалот. A тој утредента, откако ми ја виде тетратката, ми рече: - За утре пак толку, ама на оваа страна да се навалени.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ами ако дедо ги има заборавено, или загубено - си мислев - што ќе се случи?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јуфките лизгаа по длабоките чинии, а беа со убава жолта боја, направени од домашни јајца од кокошките што баба и дедо ги чуваа во големиот кокошарник.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Детската виолина собира многу роса отшто никогаш не се знаело кога ќе ожеднат багремите што дедовците ги саделе да расцутат баш во музиката на внуците некаде многу далеку, отаде времето.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)