Луѓето влегуваа и излегуваа од темните сводови на портите и лазеа во неверојатно множество по тесните сокачиња што се разгрануваа од двете страни - девојки во полн цут, со неумешно нацрвени усни и младичи кои ги задеваа девојките, и дебели расклатени жени кои покажуваа како ќе изгледаат девојките по десет години, и стари згрбавени суштества што се влечкаа на рамните стапала, и парталави босоноги деца кои си играа во баричките, а потоа, на лутите повици од мајките се разбегуваа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Јатакот брзо потоа ме информира дека другарот Пене ноќе се состанува со некоја девојка по име Анастасија, нагалено Таска од селото која тој ја знаел порано, но која била ќерка на многу познат монархофашист и заколнат непријател на нашата света борба.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Знам – му одговорив горда на Борче – тој е цар за вас од подолните класови, нели?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Голем фраер е братучет ти, и во школо кај нас зборуваат дека лудувале девојките по него.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Орде, па и девојката по него, - почнаа да се смеат, и тој дури тогаш се сети и рече: - згрешив.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)