девојка (имн.) - го (зам.)

Племето Blackfoot: девојката се обидува да се омажи со Црвената глава, во што и успева благодарение на своите магични помошници; но истата девојка го послуша советот на јазовецот и го убива Црвената глава на спиење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Принцот кој ја смисли казната за несреќната девојка го тешат: „Тоа е само претстава... Не потресувајте се...“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Вечерта научената девојка го нарами ранецот во кој го стави торбичето со вендузите и му се јави во земјанката на командантот на баталјонот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Додека свртуваше му текна дека девојката го одмина пред само три минути и дека ако потрча, веројатно би можел да ја стигне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Девојката го заврши ручекот брзо и замина, додека Винстон остана да испуши една цигара.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Немаше повеќе сомневање дека девојката го шпионира.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Девојката го прескокна и ги разгрна џбуновите, меѓу кои како да немаше пат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кон зајдисонцето се спушта Сансет Булевард (на којшто Вилијам Холден ја пронајде Глорија Свансон и сопствената смрт во базенот), завршувајќи онаму каде што почнуваат Малибу и неговите дрвени куќички (од една од нив Мајк Хамер едвај се спаси кога лековерната девојка го отвори мистериозниот ковчег).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Него девојките го сакаа, не му недостигаа посакувани средби со нив, но тоа беа средби зад грмушка, зад агол, крај бандера.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Реков: „Твојата другарка Николина како ретко која друга девојка го допре суштинското во мене!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ноќта не смеам да се препелкам - главата ми тежи ту на една, ту на друга страна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој паднал настрана и почнал да крвави на чаршафите додека девојката го плескала по лицето за да се разбуди.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во некои од трошните куќи зад прозорците стоеја полуголи девојки и ги довикуваа мажите кои чекореа по уличките.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секојпат кога чуварите ни велеа дека времето за прошетка во паркот е завршено и треба да се вратиме во своите соби во болницата, една девојка го прегрнуваше најблиското дрво легнувајќи на земја, и долго се бореше додека не ја одвоеја, врескајќи: „Јас сум сон на ова дрво!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некои од тие девојки го допираа Зигмунд, ја кажуваа својата цена, и потоа трчаа по нас, ја намалуваа цената, сѐ додека не доаѓаа до онолку со колку може да се купи парче леб.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако ме одвоите од дрвово, тоа ќе престане да ме сонува и мене ќе ме снема!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)