Таа им се посвети на другарките.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Уште неколку лета потоа како мајмуни висевме по овошките во дворот во Лисиче.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Маалото се разбуди во ненадејна возбуда, а таа раснеше во паника што се пренесуваше од двор во двор во маалото.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Дворот во кој влегува Корилче е доста широк а куќата приземна, трошна, така што сосем потсетува на нивниот селски живот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Изрипав возбуден. Го залепив носот до прозорецот и гледав во дворот во кој предметите, оставени од синоќа, не се ни препознаваа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Кај Батанџиовци една вечер станаа пискотници во племната.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ретко ќе се најде перо и рака да ги опишат, но отприлика изгледаа вака: — Аман ага, аман пашум, аман султанум! — пиштеше и се виткаше од ударите дедот Стојко Кусибоја налегнат во сред двор во тињата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Влегуваме во дворот во кој се чувствува мирис на што туку искосена трева.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Зад неа широк двор во кој зеленее ниско искосена трева.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дали ми беше тешко? Најтешко ми беше кога при растоварот во болничкиот двор во камионот наоѓаш неподвижен.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тогаш, отаде патот – од десната страна, под високиот рид над кој белееше палатата на албанскиот крал Зогу – бели вили со широки дворови во кои растеа овошки од портокали, смокви, лимони, мандарини и ги красеа палми и многу трендафили.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Го однесов петелот дома, му направив убава кошара, му оградив дворче во кое ќе може да шета и прета, го наранив со пченка, го напоив и го оставив да си го живее животот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Беше тоа мал дел од природата. Најубавиот двор во стариот Бечеј.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Утредента Томо веќе беше удобно сместен во својата омилена нишалка во нивниот двор во Куманово.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Упаднав утрово во сред муабет на две баби во автобусот бр. 5, на добро разработена тема, и со внимание ја проследив сета дискусија која се разви на половина автобус, на горната платформа и сите здушно учествуваа во правењето на сармата, од тоа дали е поубава од лански лист чуван во сол и вода или е подобар свежо набран од „еколошки“ двор во Карпош кај баба Нада, која лозниците никако не ги прска дури не накалапи 30 пакетчиња.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Нивните врски, преку Солун, допирале до царскиот двор во Константинопол.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Првите, додоларките, жени и девојки, накитени со зеленило, одеа од двор во двор и додека тие пееја: Ај излези, чорбаџико, та погледај во двоови, какви идат, какво водат, какво водат сираченце - сираченце, голо, босо, голо-босо, распашано, распашано, бушоглаво, Дарувај нè, чорбаџиско, дарувај нè со ситото, да е сита годината, дарувај нè со честина, да се чесна годината.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И попот се тркалаше во дворот во правта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Меѓутоа, прв кој се споменувал во пишуваните документи што се однесувале на Акиноските, односно во нивниот тевтер, бил некојси Григорие.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И му заповедаше, удирајќи го со кундакот, Ајде сега, Божано, покажи како јава комита српски поп.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Еден дел од широкиот двор беше покриен со лозници и насекаде имаше цвеќиња: во предниот дел од дворот во март месец по земјата се ширеа бели и розови зумбули, во април потокалови и црвени лалиња, а над нив се извиваа тенките но густи како букети - бели и лилави јорговани кои расцутуваа во мај, додека преку целото лето низ дворот се ширеа бели маргаритки.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Статуата го прикажува Сенефер, првиот министер и управник на дворот во времето на кралицата Хатшепсут или фараонот Тутмес III.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Караулот отпоздрави и го прифати коњот, а Суљо отрча преку двор во конакот кај кадијата, оставајќи го караулот да го држи коњот и да ја врти главата зачуден, зборувајќи си за себе: бак! бак! Пак има нешто.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Со таков занес и шумен подем беше закитен градот кога во нашиот двор во свечена воена униформа се појави другарот Ѓорѓи Смокот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во виденијата што на ваков начин нѝ се нудат спаѓаат и непротолкуваните остатоци и заскитаните скаменети форми од дишењето на нашите претци, какви што белези среќаваме отпечатено на карпите па дури и на некои камења од оградите на нашите старински дворови во кои ги препознаваме белезите од дамнешното дишење на морето, ги прошируваше забелешките во врска со своите сознанија почитуваниот Седларски.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Откако излегов од нашиот двор во Новодеревјновское јас се чувствувам насекаде како гостин а гостите треба да внимаваат на своето однесување".
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Бабата Перса и Мурџо ја допратуваа до влезот на дворот и таа веднаш ги забораваше, ама тие не се враќаа додека не се прелееја учениците од дворот во училниците.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Тетка Ана се препали. - Саше, Саше, што се случило, каде беше, што ти е, смири се, Саше, престани! – викаше, го молеше, го потресуваше за рамена, го прегрнуваше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Седна на скаличките пред вратата што директно води од дворот во дневната соба и си ја фати главата со раце, мислев и косата од очај ќе почне да си ја кубе.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)