Еве ги тие зборови на кои ден-денешен им се сеќавам: Спиј спокојно, чедо мое Во пазуви ми кротко сони, чедо мое Во душава мир си најди, чедо мое Во срцево куќа гради, чедо мое Во куќата дворои имај, чедо мое Во дворови цвеќе сади, чедо мое Спиј и нани, нани, нани, чедо мое.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Бидејќи ретко доаѓав, тука, кај неа, во куќата и дворот имаше за мене многу интересни работи за разгледување, како скоро и во секоја постара куќа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Во една соба, која одделно стоеше во дворот имаше стар дрвен разбој и јас по цели часови ѝ досаѓав на тетка Рајна со прашања за тоа како се вика секој дел од разбојот и како се ткае.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Но тој, исто така, откри дека секаде по дворот има едно чудо кучешки измет.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Позади во дворот имаше и една посебна градба за коњите, а и еден дел за преработка на млеко.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Со својата видовитост започна да им кажува на луѓето во чија куќа или двор има закопано пари.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Долу во дворот има една супер шупа, никој нема да ни пречи!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Имаме ние и долари, ако добро пушиш можеби и ќе се спријателиме!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Малку лево во дворот имало барака, дрвена, со клоца ја отклучил вратата и сега расчистувал брлог за големата тајфа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во дворот имаше прекрасна трева, а низ неа растеа цвеќиња-ѕвончиња од кои и доаѓаше онаа чудесна музика што јас ја слушнав претходно.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Но по улиците немаше чешми, чешмите беа по дворовите, а во дворовите имаше кучиња, кучињата беа одврзани и ‘ржеа со рѓосаните заби по секој неканет гостин што ќе му се доближеше до сопственичката порта.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)