Ова мора да биде разговор
меѓу мене и тебе, затоа
раскажувам и понатаму
во прво лице еднина
(„Јас“ си Ти, и јас!):
најдена среде ѕидините на манастирскиот двор
излегов од себе, негде вон, неволно
и брзо-брзо се прибрав
како зрна жито расфрлени за колвање
збирај-збирај, не се дособира!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во дворот излегоа учителките - за првачињата - со натписи спред одделенијата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Од дворот излегоа неколку луѓе и доаѓаат на кај нас.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И стана да си оди; се симна по скалите и преку дворот излезе низ портата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)