двор (имн.) - влезе (гл.)

На денот на Голема Богородица, во средата вечерта во нивното дворче влезе големото тело на Чана, зад неа Дончо, а зад Дончо Митра, чиниш Митра е нивно дете.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тогаш во дворот влезе човек со голема, веќе подбелена брада, опашан со колани и почна да им дава наредби на комитите на наш јазик.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
По неколку минути во дворот влезе Васе со писменце во раката, гледајќи ја Томаица молкум.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Додека се прашуваа како ќе го пренесат до гробиштата, во дворот влезе запрежна кола што ја влечеше еден коњ, а уздата на коњот ја држеше Тарзан, еден од школниците.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)