грутка (имн.) - шеќер (имн.)

Не сум грутка шеќер та да се стопам... ...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
— Ами, шо можело да има, Боле, некој ореи, круши, јаб'ка, или некоа и друга грутка шиќер.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вреќи жито, грутки шеќер, сусам, слануток, ориз за пиљав и сутлијаш, ќупови масло и маслинки, суви плодови во кошови, сливи, урми, смокви, а потаму и грниња мед, лој и овча маст.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Лицата од луѓето час се развласуваа во светлината, (небаре грутки шеќер пуштени во чиста вода), а час стануваа јасно пристемнети од тажниот поглед со кој ја испраќаа старицата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)